Во зимските месеци секое второ дете се лекува од респираторни болести
Речиси 60 проценти од заболувањата кај децата се последица на загадувањето, сметаат лекарите. И анализата на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) за 2015 година покажа дека секое второ болно дете во таа година се лекувало од респираторни болести кои најчесто биле директна последица на загадениот воздух. Детскиот организам во развој е поподложен на бактериски и вирусни инфекции, кои ако не се третираат навремено и правилно, преминуваат во хронични болести.
Болниците и здравствените домови во земјава од година во година се соочуваат со пораст на бројот на деца со респираторни проблеми како пациенти. На Институтот за белодробни заболувања кај децата „Козле”, на пример, кој има 91 легло за деца, годинава на почетокот на јануари биле хоспитализирани 85 дечиња. Дополнително, здравствените институции се соочуваат со недостиг на доволно медицинска опрема неопходна за правилен третман на децата и затоа секоја донација од општествено одговорни компании за нив е повеќе од добредојдена.
Нашиот најголем производител на леб Жито Лукс, кој лани донираше медицинска опрема за две институции кои се грижат за здравјето на децата, врзано за респираторни проблеми, за Клиниката за детски болести и за Институтот за белодробни заболувања кај децата – Козле и годинава продолжува во иста насока. Со актуелната кампања, која ќе трае до 15 март, од секој купен леб на парчиња на Жито Лукс, ќе се одвојуваат средства кои ќе бидат наменети за набавка на опрема за детските оддели во Општата болница –Охрид, во Клиничката болница д-р Трифун Пановски во Битола, Општата болница – Струмица и во Институтот за белодробни заболувања кај децата – Козле во Скопје.