Водителката Ирена Спировска ужива на рајско место надвор од Македонија: И таму плени со природната убавина (ФОТО)
Една од нашите најангажирани водителки, Ирена Спировска во моментов е на заслужен одмор. Имено таа ужива во убавините на прекрасниот Измир во Турција.
Водителката постојано споделува моменти од патувањето на својот профил на Инстаграм, а како што можеме да забележиме на последната фотографија таа е вистинска убавица без грам шминка на себе си.
- Немам правено никакви интервенции освен козметички третмани за одржување на нега на кожата на лицето на природна база. Немам дури ни вештачки исцртани веѓи, вештачки нокти, трепки...Секогаш ќе има некој со посензуални усни од нашите, со погусти трепки, со побујни гради, подолги нозе или потенка половина...Нема потреба да тежнееме кон идеални пропорции. Треба да научиме да уживаме во нашата уникатност, тоа нè прави да бидеме единствени. Колку порано го сфатат тоа младите девојки, толку подобро за нив - изјави претходно Спировска за Женски Магазин.
Ирена изгледа одлично, а тоа е заслуга на планинарењето, но и на возењето велосипед со партнерот. Ние сме воодушевени од нејзината убавина, а таа од убавината на рајскиот Измир.