Маица без прслук е сон на секоја жена: Миа Костова отворено за зголемувањето на градите
Ставив импланти во градите, класично зголемување. Одамна имав желба да го поправам она што остана од мојата бременост во која качив 30 килограми, доењето и „играњето со килажа“. Препорачувам жените да прават она што нив ги прави среќни, да не ја преминуваат границата, но и да не се потпираат на ептен натурален изглед- зошто кога веќе има начин да не се искористи?
Водителката Миа Костова, отворено прозборе за естетската корекција на градите, која ја направи минатата година, во клиничката болница „Аџибадем Систина“.
Годините си го прават своето а среќна жена е онаа жена која е пред сѐ задоволна со себе. Ако се двоумат за гради, ништо не може да е толку страшно колку што е убаво цел живот да сте комотни во омилените маици, блузи, и костими за капење.- Миа Костова
„Дека секогаш може подобро, ете затоа решив дека е вистинско време и за ова. Со „Систина“ ме врзуваат само убави работи и сакам секогаш да остане така. Еднаш ми го дадоа Андрија, а од ќе си ги паметам и по самодовербата во форма на гради. Ви благодарам што се грижевте за мене цел ден, осум часа по операција сум сосема добро. Стомачни ви ветив и исполнив. Еве ветувам и гради многу скоро во маица без прслук, сон на секоја жена“, напиша Миа на својот Фејсбук и Инстаграм профил.
За Женски магазин, таа раскажа дека импланти во градите и се дамнешна желба која сега си ја остварила.
„Ставив импланти во градите, класично зголемување. Одамна имав желба да го поправам она што остана од мојата бременост во која качив 30 килограми, доењето и „играњето со килажа“, ама некако не можев да најдам соодветен доктор, па ни болница. Сето она кое што го гледав тука сработено, не ми правеше многу ќеф, надвор ми беше комплицирано па некако работите сами си дојдоа во вистинско време. Преку Бети -„Сикрет“ почнав да се интересирам за „Фабјан клиниката“ која всушност го донесе др. Амадеј во Скопје. Колку повеќе гледав негови дела, толку повеќе бев решена дека сега е вистинско време да не ми пречи ништо на сопственото тело, со оглед на тоа што внимавам на себе колку што можам. Но, ова не беше во моја можност, па затоа доктор Амадеј ми ја оствари желбата“, ни изјави Миа. „Фабјан“ е интернационална клиника присутна во 5 држави, со бројка од над 10 илјади пациенти на годишно ниво, и четврти во Европа по зголемување на гради со импланти.
Интервенцијата, водителката на магазинот „Бекстејџ“ не ја доживеала стресно, поради, како што вели прекрасниот тим на лекари со кои веќе има искуство од раѓањето на синот Андрија. Тој во јуни ќе наполни ќе наполни седум години.
„Реално, од однос до професионалност, стресниот момент го прават и тоа како релаксирачки. Д-р Мирјана Јосифовска како дел од тимот не смеам да ја заборавам и да и се заблагодарам. Со оглед на тоа што се работи со општа анестезија, интервенцијата си поминува во најдобар ред. Пост- оперативно, имав издржливи благи болки кои ги средува тимот на „Систина“. Препорачувам жените да прават она што нив ги прави среќни, да не ја преминуваат границата, но и да не се потпираат на ептен натурален изглед- зошто кога веќе има начин да не се искористи? Годините си го прават своето а среќна жена е онаа жена која е пред сѐ задоволна со себе. Ако се двоумат за гради, ништо не може да е толку страшно колку што е убаво цел живот да сте комотни во омилените маици, блузи, и костими за капење“, ни изјави Миа. Нејзините пријатели и следбеници на социјалните мрежи знаат дека е посветена мајка на Андрија кој во септември лани тргна во прво одделение.
„Стомачни ви ветив и исполнив. Еве ветувам и гради многу скоро во маица без прслук, сон на секоја жена“, напиша Миа на својот Фејсбук и Инстаграм профил.- по интервенцијата.