Водителката на „Слагалица“ тешко повредена на скијање: Кристина ги скршила двете раце

Добивај вести на Viber

Кристина Раденковиќ, водителката на „Слагалица“ и „Стигни ме ако можеш“, во вторник итно била примена на Институтот за ортопедија во Бањица. Водителката била примена поради скршеници на двете раце.

Како што неофицијално дознаваат српските медиуми, Раденковиќ на скијање ги скршила двете раце и чека што ќе одлучат лекарите по консултацијата.

Судејќи по објавите на Инстаграм, водителката била на зимски одмор со семејството каде доживеала несреќа. Познато е дека Кристина ги сака зимата и зимските спортови и ужива во скијањето.

Повторувам, три летувања за едно зимување“, напиша Раденковиќ.

View this post on Instagram

A post shared by Nikola Radojević (@theplajvaz)




Foto: RTS Printscreen