Водителката Спенџарска го однесе момчето на шопинг, па дома на романтична вечера

Добивај вести на Viber

Една од попознатите водителки кај нас Јелена Спенџарска, ужива да шопингува, а како што се приближуваат празниците, изгледа се тоа уште повеќе ѝ годи, посебно кога оди да пазарува за декорации.

Таа сподели дека со момчето била на уште едно новогодишно пазарење. Она што од јавноста уште го крие, е ликот на нејзиниот сакан, за кој медиумите објавија дека е од соседна Грција. Засега Јелена не потврди, ниту пак негираше ваква вест.

Неодамна Спенџарска на социјалните мрежи сподели дека ја нашла својата сродна душа, меѓутоа уште не покажува за кого станува збор.

По шопингот, Спенџарска на момчето му приготивила роматична вечера. Додуша не знаеме дали таа или тој е мајсторот во кујна, но од тоа што го видовме на Инстаграм, е дека се подготвени вкусни макарони.




Фото: Инстаграм