Водителот Миро Кацаров „Рипна во тавче“: Клекна на колена и ја запроси саканата во вечниот град за вечна љубов

Добивај вести на Viber

Поранешниот ТВ водител на естрадниот магазин „Бекстејџ“, а денес водител на Г- Карпет, Миро Кацаров ја запроси својата сакана Ивана. 

На патување во романтичниот и вечен град Рим, тој клекна на колена пред саканата и ја побара за жена. 

Дамата очигледно не знаела за намерата на Миро, па емоциите и солзите не можеше да ги задржи и почна да плаче, додека присутните околу нив им ракоплескаа и ја пееја познатата италијанска песна која ја свиреше виолинист, а среќниот Миро во еден момент заскока од среќа. 

View this post on Instagram

A post shared by Miro Kacarov (@miroslavkacarov)


Фото и Видео: Инстаграм - Миро Кацаров