ВРАЌАЊЕ ВО ИДНИНАТА СО НОВАТА NIKE AIR MAX КОЛЕКЦИЈА

Добивај вести на Viber

Nike Air Max моделите несомнено се едни од најпрепознатливите силуети на спортскиот гигант. Со новата Air Max колекција – Throwback Future Pack, брендот дава нова визија за иднината на патиките. Истовремено почитувајќи го наследството на Air технологијата, но и зацврстувајќи ја позицијата во сегашноста, оваа колекција нè носи во иднината.

Новата колекција на Nike е пренесена преку серија на футуристички фотографии кои никој нема да го остават рамнодушен. Како лица на кампањата на Nike во Македонија, BUZZ го претставуваат долгогодишниот BUZZ амбасадор Антонија Локвенец, и талентираните момци Христијан Тасковски-ТаскоМарио Јелиќ-Кун и Антонио Стојановски-Тони.

Nike Air Max Throwback Future Pack колекцијата е составена од веќе препознатливите силуети: Air Max 95 и Air Max 97, и водечката силуета Air Max 270 - која иако беше лансирана минатата година веќе прерасна во култ кај sneakerhead културата.

Секој од моделите е покрај црната основа е надополнет со иридесцентни детали, тиркизната и интензивно розевата боја, со што се нагласуваат индивидуалните обележја на секој од моделите, како и незаменливата Air технологија.

Доколку и Вие се препознавате во визијата на Nike за иднината, повеќе за Nike Air Max Throwback Future Pack колекцијатаможете да дознаете тука и во BUZZ Sneaker Stationпродавницата во Skopje City Mall.

****

Фотограф: Иван Наунов

Модели: Антонија ЛоквенецХристијан Тасковски - Таскоантонио Стојановски и Марио Јелиќ(2Бона)

Стајлинг: Викторија Бурсак и Никола Каракашов

Шминка: Миа Арабаџиева