„Вратете ја, не сум подготвена“: Најсмешни изјави на трудници кои родиле – дали сте кажале некој од овие зборови

Добивај вести на Viber

Мајките се способни да кажат многу смешни и чудни работи за време на породувањето, сосема несвесно! Изјавите на овие мајки ќе ве насмеат!

Што и да читате или слушнете за породувањето, тешко дека можете да се чувствувате подготвени за породување. Покрај тоа што е болно, породувањето понекогаш станува и сосема надреално искуство.

Во ситуација полна со болка, исчекување и многу други измешани чувства, родилката умее да каже многу смешни, понекогаш чудни работи.

Ова се некои од речениците кои мајките ги кажале за време на породувањето:

„Вратете ја назад, не сум подготвена. Ќе се вратам следната недела!“

„Кога излезе главата на мојот син, им кажав на лекарите дека треба да одморам и да јадам нешто бидејќи сум гладна“

„По првото туркање, го прашав докторот: „Дали тоа е тоа?““

„Додека ме шиеја, реков: „Што правиш толку многу, јас можам да зашиам копче многу побрзо отколку ти сега!“

„Додека се пораѓав, видов паричка на подот и му реков на маж ми веднаш да ја земе“, пишува  yumama.

„На сред породување се чувствував како да сум со мамурлак, почнав да врескам и побарав веднаш да ми донесат сок и банана!“

„Само прашав: „Дали тоа е бебе?“

„Како што продолжуваа контракциите, плачев и реков: „Се предомислив!““

Какво е вашето искуство? Пишете ни во коментар што кажавте за време на породувањето.


Фото: фреепик