Време е да се збогуваме со тесните модели: Ова се единствените фармерки што ви требаат
Веќе неколку сезони наназад се најавува крајот на владеењето на неуштливите skinny фармерки кои веќе со години владеат на модната сцена, а меѓу првите кои почнаа да ги носат беше модната икона Кејт Мос...
Легендарната британска манекенка ги носеше на свој кул начин во комбинација со балетанки, што набрзо стана неизбежна модна униформа на градските улици ширум светот.
Сепак, по долго време време тесните фармерки ќе заминат во заборавот, а по моделите boyfriend и mum, во мода се враќаат и широките ногавици, какви што често носи младата ѕвезда од светот на модата Каја Гербер, наследничката на супермоделот Синди Крафорд, која од нејзината мајка го има наследено фантастичното чувство за стил.
Слатката бринета често во своите комбинации вклучува, освен легендарните старки кои и се заштитен знак, фармерки со рамни ногавици, кои се шират кон дното и кои и ја издолжуваат фигурата и ја прават послаба.
Веќе некое време ваквите модели ги гледаме помеѓу познатите дами, како што се Кендал Џенер, сестрите Хадид или Хајли Бибер, а веруваме дека удобните, широки модели, ќе ги гледаме и во следните месеци.
Доколку не сте сигурни како да ги носите, ваквите ретро фармерки од 60 - тите и 70 - тите одлично изгледаат во комбинација со високи потпетици, гломазни патики, чизми...