Втор ден Божиќ: За здравје и спокој во домот кажете ги овие зборови, а ова никако не правете го!

Добивај вести на Viber

На вториот ден од Божик, христијанската Црква ѝ оддава слава на Пресветата Божја Мајка, Којашто Го роди Господ и Спасителот наш Исус Христос. 

Ова празнување се нарекува Нејзин собор затоа што на тој ден се собираат сите верни за да Ја прослават Неа, Која е Богородица.
Тогаш се служи торжествено, соборно, во Нејзина чест. 

Во Охрид од древноста беше устроено наспроти вториот ден на Божик вечерната да се служи само во црквата на Пресвета Богородица, наречена Челница. Целото свештенство со народот овде соборно Ја прославуваше Пречистата Божја Мајка.

Обичајот вели дека денес треба да се каже следната молитва за да владее мир во куќата цела година и сите да бидат здрави:

„Со твоето раѓање, Христе Боже, осветли ја светата светлина на спознанието Божјо, зашто во таа светлина оние што им служат на ѕвездите се научени да Ти се поклонуваат, Сонцето на правдата, и да Те спознаат од височините на истокот, Господи. слава Ти!“

Обичајот вели дека куќата денеска не се чисти бидејќи во православието Божиќ се слави три дена. А на третиот ден, 9 јануари, се празнува споменот на светиот архиѓакон и првомаченик Стефан.


извор:denovi.mk