За Бадниковата вечер мора да го имате на маса: Пред Божиќ брка зли сили, после служи како лек!
Фото: Принтскрин од youtube видео „Кривопаланчани се подготвуваат за Бадник и за Божиќ“/K 3 Televizija
Бадниковата вечер е еден извесен помен на предците, на кои многу им должиме, но и потсетување на тоа колку е важно семејството и слогата во него. Бадник го карактеризира традиционална заедничка вечера на која се собираат сите членови на семејството.
Меѓутоа зошто се јаде одредена храна? Што претставува таа? Што не смее да изостане од вашата трпеза во текот на оваа вечера?
Многу етнолози го истакнуваат значењето на традиционалното јадење во текот на Бадниковата вечера. Имено, на оваа вечера се подготвува посен грав, кисела зелка или посни сарми, пита од орев и риба, урми, смокви... Не смее да изостане ниту печената тиква. Многумина велат дека од трпезата на Бадник не смее да изостане ниту медот, кој се јаде со ореви, а после Бадник во куќата се чува како лек.
Според етнолозите симболиката за гравот на празничната трпеза е верување кое ни доаѓа уште од индогерманските народи и сведочи за тоа дека гравот е омилено јадење за душите на покојните. На тој начин во текот на Бадниковата вечера, се воспоставува симболичка врска со нашите предци, кои токму преку јадењето доаѓаат во врска со своите генерации, давајќи им сила и поттикнувајќи просперитет.
Рибата пак има ритуално значење, чие потекно не е толку познато, но кое во средниот век се поврзувало за симболот на Исус Христос.
Сепак, на Бадниковата вечер симболична улога нема само храната, туку и пијалокот. Еден од обичаите е ракијата и црвеното вино. Знаеме дека виното ја симболизира крвта, и овој обичај е многу јасен, посебно доколку се додаде фактот дека вино од маса не смее да се истури.
За време на јадењето не станува никој, домашните се чекаат еден со друг, и дури откако заврши обредот, се станува, и тоа е важно во текот на овој период семејството да биде на куп и сложно. На тој начин Бадник , како што кажавме е потсетување на тоа колку е важно семејството и слогата во него.