ЗА КОГО НАВИВААТ ПОЗНАТИТЕ МАКЕДОНКИ НА МУНДИЈАЛОТ: Аргентина, поради Меси
Вчера, со куса свеченост беше отворено 21. светско фудбалско првенство во Русија, на стадионот „Лужники“ во Москва. Настапи британската поп-ѕвезда Роби Вилијамс со руската оперска пејачка Аида Гарифулина. Македонија не учествува на „светско“ , но е една од земјите која навивачки го следи. Најважната споредна работа на светот не е само машка, свои фаворити, и според играта и според омилените фудбалери имаат и жените.
„Женски магазин“ направи куса анкета со неколку наши познати дами. Некои од нив ни рекоа дека воопшто не следат фудбал, некои пак дека би следеле само ако на мундијалот учествува Македонија. Еве за кого навиваат и кому прогнозираат победа Андријана Јаневска, Ели Клинчеревска-Младеновска, Јана Бурческа и Ана Шутиноска.
Холандија не се квалификуваше и не игра, немам некој тим за кој што ќе навивам. - Андријана
За Андријана е познато дека е страстен љубител на фудбалот и огнена навивачка на тимот на Холандија.
„ Со оглед на тоа што Холандија не се квалификуваше и не игра, немам некој тим за кој што ќе навивам. Еве, Бразил нека ми биде резервна варијанта, со оглед на тоа дека Неимар е бразилец“, ни изјави познатата пејачка, композитор и виолинист во МОБ.
Страсен навивач сум на „ФК Барса“. - Ели на стадионот „Камп Ноу“
Актерката, пејачка и диџеј Ели Клинчаревска-Младеновска, заедно со својот сопруг, Петар Пеце Младеновски, фронтменот на „Суперхикс“ се навивачи на ФК „Барселона“. На семејно патување во Шпанија, тие го посетија стадионот „Камп Ноу“. Ели сепак, за својот фаворит на светско, се определи според Лео Меси.
„ Фудбалот ми е омилен спорт и се трудам секогаш да бидам во тек и да ги следам сите новини. Страсен навивач сум на „ФК Барса“. Мундијалот за мене означува прекрасно лето исполнето со натпревари, дружба и пиво. Не сум пропуштила ниту едно издание. Јас секогаш навивам за Аргентина, земјата на Меси. Покрај Аргентина, фаворити според мене се и Бразил, Франција, па дури и Белгија која оваа година има одлична репрезентација. Но сепак мој фаворит е АРГЕНТИНА“, ни изјави таа.
Германија не ме разочарала.- Јана
Ланската македонска евровизиска претставничка, Јана Бурческа е исто така една од дамите која од детството следи фудбал. На сите првенства, поп-пејачката има само еден фаворит.
„ Следам од дете со моите братучетки, кои се половина германки. Затоа, си навиваме за Германија која не не разочарала. Се разбира и оваа година ми е фаворит“, ни изјави Јана.
Тимот на Шпанија ми е резервна варијанта.- Ана на Суперкупот лани во Скопје
„Антена 5“ радио ги следи повеќето од светските фудбалски случувања во живо. Дел од него е и новинарката и водителка Ана Шутиноска.
„ Ќе следам светско првенство, нормално. Бидејќи моите фаворити, Италија не се пласираа, мојот резервен план е Шпанија“, вели Ана.
Милица Џаровска