ЗА КОИ ВАКЦИНИ Е ПОТРЕБНА ТРЕТА ДОЗА: Некои од целосно вакцинираните ќе бидат приоритет и за третата доза
Уште не е познато кој ќе биде приоритет за примањето трета доза од вакцините против корона вирусот, но, како што денеска пишуваат српските медиуми, судејќи според светското искуство, тоа ќе бидат луѓе кај кои две дози не произвеле доволно ниво на антитела, оние кои имаат трансплантирано орган или страдаат од медицинска состојба што предизвикува пад на имунитетот. Во соседна Србија, аплицирањето на третата доза е најавено за од 1.август.
Инаку, Израел вчера објави дека ќе започне да им нуди на возрасните со слаб имунолошки систем дополнителна доза на вакцината Фајзер. Израелскиот министер за здравство Никан Хоровиц изјави дека веднаш стапува на сила одлуката според која возрасните чиј имунолошки систем е загрозен и кои примиле две дози вакцина „Фајзер“ ќе можат да добијат дополнителна доза на вакцината и се чека одлука за поширока дистрибуција, објави Ројтерс.
ЗА КОИ ВАКЦИНИ Е ПОТРЕБНА ТРЕТА ДОЗА читајте детали на Фактор портал, тука.