Куќата на познатиот фирентински уметник, Микеланџело Буонароти се продава 7,5 милиони евра.
Лоцирана е во областа Кијанти, Тоскана, и се простира на 1.200 метри квадратни, а има десет спални соби и седум бањи.
Куќата, која уметникот ја сметал за свој дом, ја купил во 1549 година, а семејството Буонароти ја поседувало до 1867 година.
Сегашните сопственици велат дека куќата е реновирана, а уметникот кој дал непроценлив придонес за италијанската ренесанса и ја насликал Сикстинската капела не оставил ниту една фреска во својот дом.
Во цената на објектот е пресметана и копијата од оригиналниот договор, кој Микеланџело го потпишал при купувањето.