Викторија Бекам би ги забранила: Фотографии кои за нејзина несреќа ќе кружат на Интернет засекогаш
Денес важи за стилска икона и една од најубавите жени во светот, но не беше секогаш така.
Сопругата на Дејвид Бекам, поранешена пејачка и член на Спајс Грлс, а денес сопственик на модна империја, Викторија Бекам е синоним за стил и позирање.
Ретко ќе ја видите Викторија како се насмевнува во јавност затоа што внимава на секој детаљ при фотографирањето и не си дозволува „луксуз“ да биде спонтана. Во согласност со тоа, таа е беспрекорно облечена во секое време.
Сепак, не било секогаш така - порано беше сосема обична девојка, насмеана и опуштена, а нејзиниот стил не беше ни сличен на денешниот.
Прво беше тинејџерка со откачена фризура, па стана позната пејачка и сето она што се однесува на нејзиниот изглед беше пренагласено: силиконски гради, фризура, шминка, а да не спомнуваме облеката, а сето тоа го докажуваат фотографии кои кружат низ социјалните мрежи во последните неколку години и се најчесто опишани како фотографии што Викторија Бекам би ги изгорела.
НЕКОГАШ:
Како одминуваа годините, Бекамова работеше напорно на нејзиниот стил и изгради уникатен моден израз, па се закити со називот кралица на модниот стил.
ДЕНЕС:
фото: profimedia
Поврзани вести:Нема врска со модата: Викторија Бекам без влакна на јазик призна зошто секогаш носи очила за сонце
Викторија Бекам: Никогаш не сум била најдобра, ниту најпаметна, но успеав!