За оние кои прерано си заминаа - „Легендите живеат вечно“ на 28-ми октомври во „Македонска Филхармонија“

Под мотото „Легендите живеат вечно“, на 28-ми октомври во „Македонска филхармонија“ ќе се одржи концерт во чест на оние кои прерано си заминаа, со цел да им се одаде почит за се она што го оставија зад себе. Ја испишаа музичката историја, а можеа уште толку многу.

Вечер исполнета со композиции, силни емоции, како времеплов низ македонската музичка историја, во изведба на најпопуларните македонски музички пејачи, а во придружба на Камерниот Оркестар.

Ќе се потсетиме на момчето со ангелски глас, којшто ги поместуваше границите и го обединуваше Балканот со својата музика Тоше Проески, ќе ги пееме  песните на рокерот со нежна душа Влатко Илиевски, нема да ги заборавиме и Есма Реџепова, Гоце Арнаудов, Зафир Хаџиманов, Драган Вучиќ како и многу други.

Музичкиот свет прерано го напуштија многу македонски имиња, но нивните песни нема да избледат. Заминаа, но ќе останат делата. Тие остануваат вечни, како спомен за оние со кои се радувавме, растевме, тагувавме...Легендите живеат вечно, затоа што има млади таленти кои живеат со нив, во ова време.

Многу музика и пеење, уште повеќе емоции и по некоја солза е она што не очекува на 28-ми октомври. 

Картите за овој настан се веќе пуштени во продажба.