ЗА ОНИЕ КОИ САКААТ КАФЕ: Oва се интересни факти за кофеинот
Оние кои често пијат кафе, мора да знаат интересни факти за овој пијалок и за кофеинот.
Зборот кофеин потекнува од германскиот збор Kafee (кафе).
Истражувањата покажале дека оние коишто пијат најмалку 1 шолја кафе дневно се 20-30% помалку склони кон самоубиство, а оние кои пијат помалку од една шолја или пак не го пијат воопшто имаат 36% зголемени шанси за самоубивање.
Сензитивноста на кофеин е најчесто генетски наследна.
Дневното консумирање на кофеин изнесува од 200-300 mg. Секое надминување на препорачаната доза предизвикува несоница, нервоза и зголемен крвен притисок.
Финска консумира најмногу кафе во светот, со околу 400 mg дневно во просек по лице. Следуваат Шведска, Данска, Норвешка, Белгија, Холандија, Германија. Со еден збор, Скандинавците се најголемите зависници од кафе.
Кафето е диуретик, па не се чудете зошто толку често одите во тоалетот доколку обожавате да го пиете.
Покрај кафето и чајот, постојат уште 60 други видови на билки кои содржат кофеин.