За прв пат во Скопје се формира група за вежбањена жени над 50 години
Ако имате над 50 години тоа не значи дека
треба да бидете улежени и да не вложувате во себе за подобро здравје и за
вашето тело и ум. Напротив, треба да го негувате телото и да се грижите за него.
Посветете си внимание и направете си
нешто минимално и за себе. Секоја жена
го заслужува тоа.
Интересно и за прв пат во Скопје од 01-ви Октомври FIT FAMILY фoрмира група за вежбање за жени на возраст над 50 години. Тогаш на жените најмногу им се потребни вежби на телoто за оддржување на здравјето и виталноста.
„Половина час ТФМ вежби е еднакво на бројни часа пешачење. Обидете се и вие, бидејќи TФМ програмите се адаптираат за сите без оглед на возраста и физичката подготвеност на телото, додека вежбањето во група дополнително ќе ве мотивира. Сепак, ние сме лимитирани во групата така што секоја заинтересирана жена може да закаже бесплатна консултација и да нé посети“ потенцира Софка Муфишовска, тренер и сопственик во Fit Family.
Fit Family работат со холандскиот бренд Powerfit кој е висококвалитетен. Концептот на студиото за слабеење, вежбање и здрав живот се темели на физичка активност во кабина загреана со инфрацрвена лампа, правилна исхрана како и консултации, мерење и coaching. На секоја жена без разлика на возраста се посветени преку индивидуален пристап за да ги постигне резултатите кои ги посакува.
Инфрацрвената лампа преку која инфрацрвените зраци создаваат температура измеѓу 34 и 37 степени а топлината на зраците длабоко делува на мускулите, ја стимулира циркулацијата и со тоа се стимулира процесот на топење на маснотиите. Инфрацрвените зраци имаат благопријатно и лековито дејство на болките во телото. Се вежба во лежечка позиција во која се изведуваат сите вежби и се избегнува терет на зглобовите. Тренингот е исклучително под надзор на стручно обучен тренер. За да имате резултат се вежба минимум два пати во неделата, во времетраење до 30 минути.
„Инфрацрвените зраци се комплетно здрави биејќи тие навлегуваат во мускулите, се избегнуваат болките во мускулите по физичката активност. Помагаат на побрзо топење на маснотиите, намалување на целулитот, подобрување и убрзување на функционирањето на метаболизмот. Ја измазнува кожата и преку потењето побрзо се исфрлуваат токсините од телото. Така, овие зраци намалуваат и олеснуваат болки, како на прмер ревматски болки во телото, ја подобруваат циркулацијата на крвта и го регулира крвниот притисок “ додава Софка.
Холандската метода е компатибилна за жени во позрела возраст, така што може во Fit Family да се зачленат девојки од 17 години до жени кои се и над 70 години.