За првпат кај нас, започнува неделата на онлајн купувања и најголеми досега попусти на Иуте и партнерите

Добивај вести на Viber

Иуте гордо го најавува почетокот на Click Week, првата недела посветена на онлајн купување во нашата земја, овозможувајќи им на купувачите можности за дополнителна заштеда, попусти и користење на придобивките од иновативниот и флексибилен модел на плаќање на рати на Иуте “Купи сега, плати подоцна”.

Станува збор за светски признаен модел кој веќе го зазема својот примат на пазаров, како наједноставен и најсигурен начин за купување на рати без скриени трошоци.

Во рамки на неделата на трговијата, ќе бидат достапни производи во 15 различни категории, и тоа мебел, бела техника, фитнес и спортска опрема, мобилна галантерија, накит  и часовници, мотори, скутери, гуми и многу други.

Производите ќе можат да се купат преку Иуте на рати, и тоа со дополнителни 1.000 ден попуст, вкалкулирани веднаш во кошничката, или пак 10% дополнителен попуст.

Активацијата се прави со внес на кодот iute10 или iute1000, во наведеното поле на сајтот на партнерот каде што се наоѓа избраниот производ, додека кај други партнери попустот се пресметува на крајната сума во кошничката со финиширање на нарачката. Онлајн попустите ќе траат од 18.03. до 24.03., а целосната понуда на производи и партнерска мрежа можете да ја најдете тука.

Со мрежа од над 100 е-продавници, Иуте веќе станува прв избор на купувачите, од аспект на доверба, лојалност, безбедност и модел кој овозможува планирање на буџетот онака како што ним им одговара.

Иуте Македонија, како дел од групацијата Иуте Естонија, веќе одамна ја докажа својата посветеност кон дигитализација, иновации и напредни технологии, особено кога станува збор за е-трговијата, црпејќи искуство од Естонска групација која е дигитално најнапредна земја во Европа, како и адаптација на тие дигитални трендови на локалните потреби и барања клиентите.

Како компанија која е лидер на финтек пазарот во дигитална трансформација, Иуте вели дека ова е година на Е-трговијата. Својата детерминираност и заложба за поместување на границите на е-трговијата Иуте Македонија ја потврди и со учеството на најголемата конференција за Е-трговија во државава која се одржа изминативе денови, каде што Иуте беше златен партнер, потврдувајќи ја заложбата за придонес кон развој на е-бизнисите и процесите во државава.

Не се откажувајте од важите желби и соништа, бидете паметни купувачи.

Погледнете ја целата понуда на производи и мрежа тука.

ПР објава