За синот славеше до зори, како ќе биде за ќерката: Актерот Атанас Атансовски стана татко по вторпат

Добивај вести на Viber

За доаѓањето на првото чедо, актерот Атанас , кој многумина го паметат од дуото Тино и Атанас, славеше до зори. 

Имено, тој и неговата партнерка Александра, станаа родители на момче, на кое му го дадоа името Павле.

Атанас, раѓањето на синот го прослави со своите најблиски пријатели, а на забавата беа и пејачките Тамара Тодевска и Тијана Дапчевиќ, манекенката Катарина Ивановска, актерот Тино Костадиновски и многу други.

Вчера, на свет дојде уште едно бебе а Атанас стана татко на девојче.