ЗА СИТЕ ЉУБИТЕЛИ НА КАФЕТО: Пијте го правилно за да не ви штети

Добивај вести на Viber

Kaфето морате да го пиете правилно за да нема штетни последици по вашето здравје.

Немојте да пиете кафе на празен стомак

Кафето не е добра замена за појадокот. Овој напиток содржи хлорогена киселина која активно го стимулира лачењето на хлороводородните киселини. Ако вашиот стомак е празен, киселината може да ја оштети мембраната на желудникот. Затоа кај многу луѓе се појавува болка во стомакот. 

Пијте кафе 30 минути после јадење

Поради фактот дека кафето може да активира секреција на сок од желудникот, ако се напиете една шолја 20-30 минути по ручек или појадок, киселината во желудникот ќе достигне максимум. Тоа ќе го забрза процесот на варење и ќе придонесе за губење на килограми. Но, имајте на ум дека кафето не е неопходно за лица со проблематичен стомак.

Нутриционистите советуваат да пиете кафе со млеко, и на тој начин ќе се намали лачењето на сок од желудникот и се намалуваат киселините во организмот.