За сопствениците на домашни миленици: Неколку начини како да го одржувате вашиот дом свеж и чист
Домашните миленици се прекрасни придружници кои ни носат радост, среќа и неизмерна љубов. Но, не можеме да негираме дека тие можат да предизвикаат вистински хаос во нашите домови. Од болви, до лигавење, кал и прашина донесена од прошетките, до капење и по некоја мала незгода од време на време. Кога во домот има пријател со четири нозе, ни се чини дека домот никогаш не е чист. Сепак, можете да живеете со домашно милениче и да имате чист дом - ова го обезбедуваат апаратите на Samsung опремени со низа интелигентни функции кои ви помагаат да го поедноставите животот со домашните миленици на еден или друг начин.
Како поефикасно да ги исчистите влакната од вашите миленици
Играњето со четириножните пријатели е омилена активност на сите сопственици, но притоа влакната од домашни миленици брзо и лесно патуваат низ куќата и навлегуваат во различни агли од домот. Чистењето на влакната може да биде макотрпна работа, особено по периодот на пролетното митарење, но со Bespoke Jet™ правосмукалката станува едноставно и лесно. Она што е интересно е што таа располага со Pet Tool алатка, повеќекратна четка Jet Dual Brush и повеќеслоен систем за филтрирање, кои се специјално дизајнирани за семејства со домашни миленици, опфаќајќи 99,999% од ситната прашина¹ и намалувајќи ја изложеноста на алергени².
Има моменти кога сопствениците на домашни миленици се далеку од домот и од нивните четириножни пријатели. За такви прилики, роботската правосмукалка Bespoke Jet Bot AI+™може да послужи истовремено и како чистач и како дополнителен пар очи со низа функции за нега на домашни миленици до кои лесно се пристапува преку апликацијата SmartThings на вашиот паметен телефон. Со помош на SmartThings Pet Care, корисниците на правосмукалката можат лесно да ги одредат просториите што особено им се допаѓаат на нивните миленици, за да може уредот правилно да ги следи во режимот Home Alone. Дополнително, со Smart Cleaning, кој интегрира препознавање на предмети со вештачка интелигенција, оваа роботска правосмукалка успешно ќе ги избегне предметите на домашните миленици - како што се нивните чинии за храна или омилените играчки – додека истовремено успешно ја чисти просторијата. Понатаму, ако Jet Bot AI+™ препознае дека вознемирениот миленик лае или плаче, може да реагира на звукот со пуштање класична музика, бел шум или други смирувачки природни звуци.
Облека без влакна од домашни миленици
Како што веќе добро знаат љубителите на домашни миленици, подот не е единственото место каде што може да се најдат влакна, но нивното отстранување од облеката е уште една честа и предизвикувачка задача. Машините за перење и сушење на Samsung Bespoke AI™ имаат низа интелигентни функцииᶾ, како што е функцијата AI OptiWash™ која помага темелно да се исчистат алиштата со интелигентно препознавање на тежината на товарот и нивото на нечистотија за да се распредели точната количина на детергент и вода.
Технологијата AI Ecobubble™ меша воздух, вода и детергент за да создаде меурчиња кои ги перат алиштата на пониска температура, додека ги отстрануваат и највалканите дамки од домашните миленици. Моќниот Hygiene Steam Cycle ослободува пареа од дното на барабанот за уште подлабоко чистење. Функцијата Air Wash, достапна кај европските модели⁴, ги освежува вашите алишта користејќи многу топол воздух за да се ослободи од сите мириси на облеката и постелнината што ги оставаат вашите миленици.
Отстранување на непријатни мириси
Одржувањето на свеж дом е важно не само за подобар живот, туку и за подобро здравје на сите членови на домаќинството, како и на домашните миленици. Прочистувачот на воздух Bespoke Cube Air Purifier ги задржува прашината и првутот од затворените простории, особено во пролетните месеци кога нивото на овие честички е високо.Bespoke Cubeима специјална функција Pet Mode која може да ги опфати фините влакна на домашното милениче, големите и малите честички прашина - со филтер што зафаќа 99,97% од ултра фината прашина⁵ - како и непријатните мириси, така што секој член на домаќинството може да ужива во чист воздух.
Покрај чистиот воздух, со доаѓањето на пролетта и летото доаѓаат и високите температури, па затоа клима уредот е неопходен. Правилната температура за домашно милениче може да варира во зависност од животното и расата, така што поставувањето на соодветна собна температура станува клучна задача за сопственикот. Клима уредот WindFree™ може да им помогне на корисниците да внимаваат на температурата во нивниот дом дури и кога се далеку од дома. За полесно користење, поставките на клима уредот може да се прилагодат во реално време за да одговараат на вашето домашно милениче.
Домашните апарати на Samsung се смислено дизајнирани да ги задоволат потребите на различни домаќинства - вклучувајќи ги и оние со домашни миленици. Без разлика дали станува збор за чистење под, облека, воздух или внимавање на вашето домашно милениче додека сте надвор, домашните апарати на Samsung и услугите за грижа за домашни миленици SmartThings можат да ви обезбедат интелигентни начини за грижа за домот и вашите миленици.
¹ Тест базиран на IEC 62885-2, CL.5.11, со помош на Jet режим, изведен од SLG Prüf- und Zertifizierungs GmbH. Резултатите може да се разликуваат врз основа на вистинската употреба. Се применува на честички од прашина со големина од 0,5 до 4,2 µm.
² Се однесува на честички со големина од 0,5 до 4,2 µm.
ᶾИмињата на функциите и достапноста на функциите за перење и сушење AI™ може да се разликуваат според типот на моделот, регионот и пазарот.
⁴Функцијата Air Wash е достапна само кај моделите на перење и сушење нарачана AI™ во ЕУ.
⁵Резултатите може да се разликуваат во зависност од реалните услови на користење.
*пр-објава