За стилот со Викторија Бурсаќ: Го спојувам неспоивото

Добивај вести на Viber

Со стилот сака да инспирира, а вели дека за истиот е потребен персоналитет, познавање на модните трендови и префинетост

Познатата модна стилистка и дизајнерка Викторија Бурсаќ, која најчесто стои зад стајлингот на младата пејачка Антониа Гиговска, но и многу други познати јавни личности од земјава како Лара Иванова, Туна, Тамара Тодевска, специјално за „Женски магазин“ открива дел од својот гардеробер.

Кои се нејзините омилени парчиња облека и дали сака да експериментира, откријте во продолжение.

* Дефиниција за стил?        

- Перфектно носење на сопствената индивидуалност во допир со актуелните модни трендови. 

 * А, Вие стилски се дефинирате како...   

- Авангарда.

* Што е пресудно за добар стил?  

- Персоналитет, познавање на модните трендови и префинетост. 

* Комбинирате елегантно со спортско или сте камелеон во облекувањето? 

- Согласно актуелните светски модни трендови, ДА, го спојувам неспоивото. 

 * Минимализам, хедонизам, авангарда? 

- Авангарда и минимализам.  

* Гламур или класика? 

- Зависи од приликата. Значи и двете.  

* Омилени нешта од Вашата облека?

- „Oversize“ оделата, култните парчиња патики, карго панталоните со високи потпетици.  

* Дали практикувате брендирана облека или не Ви е пресудна етикетата? 

- Доколку паралелно брендот гарантира и квалитет и уникатност, ДА! 

 * Што сакате да постигнете со Вашиот стил? 

- Да инспирирам!  

* Дали ако сте автентична, тоа значи и осудување од нашава средина? 

- Секогаш, за жал... 

* На кој дизајнер би му дозволиле да Ви го преуреди гардероберот?

- На дизајнер не, но на стилист да, Maeve Reilly.

 * Што облекувате денски, а што навечер? 

- Денски- „оldschool“: фармерки, патики, маички, сакоа. Навечер- панталони, „body“, фустан, мантил, чизми или штикли. 

* Дали експериметирате со косата и шминката?

- Согласно стилизирањето, ДА, косата и шминката мора да се тесно поврзани со стајлингот во целина.  

* Ваши трикови за брз, но ефектен изглед.

- Впечатливо дизајнерско парче облека, одлично стилизирано и останувате во центарот на вниманието.


*Д.Караташова Илиоска