За внуките на принцезата Дијана се вели дека се најубавите близначки во Европа: Русокосите девојки се скромни, а нивната вродена елеганција веднаш се забележува

Добивај вести на Viber

Фото: Profimedia


Близначките Спенсер, Лејди Амелија и Елиза, станаа неизбежни гости на модните недели низ Европа. Неодамна дури и прошетаа по една од модните писти, појавувајќи се како модели на ревијата на британскиот дизајнер Џош Бирч Џонс за време на модната недела во Лондон.

Сестрите се внуки на познатата принцеза Дијана, односно ќерки на нејзиниот помлад брат Ерл Чарлс Спенсер, а нивното благородно потекло и статус во комбинација со нивната прекрасна природна убавина ги направија едни од најпопуларните членови на високото општество во Англија.

Овој пат, Амелија и Елиза ја воодушевија јавноста на споменатата ревија, блескајќи во гламурозни вечерни тоалети од колекцијата есен/зима 2023 година. Интересно, ова беше и нивно деби на модната писта.

Фото: Profimedia


Елиза носеше црн долг фустан со светкави детали и преголеми прерамки, додека Амелија изгледаше прекрасно во зелена тоалета на едно рамо. И двете ја врзаа долгата руса коса во елегантни пунџи, а сините очи ги истакнаа со сенки во сина и зелена нијанса.

Фото: Profimedia


Веднаш по завршувањето на модната недела во Лондон, сестрите се упатија на актуелната миланска модна недела, каде веќе беа видени на ревиите на Де Кора и Алберта Ферети. На едната се појавија во монохроматски, црни изданија со тантела во главна улога, а на другата во елегантни креации - тиркизен сатенски комбинезон и бел, деловен костум.

Фото: Profimedia


Инаку, убавите русокоси не се појавуваа често во јавноста, но последниве месеци се многу активни на европската социјална сцена. Овие 30-годишни дами на почетокот на оваа година списанието „Татлер“ ги вброи во најубавите и најзгодните аристократи на светот, а беше наведено дека се движат во исти кругови како членови на кралски семејства и влијателни ѕвезди.

Амелија за истиот магазин изјави дека има нераскинлива врска со нејзината близначка Елиза, дека отсекогаш биле многу блиски и многу слични.

„Ние сакаме да правиме исти работи и да делиме исти пријатели. Да се ​​има близнак значи дека гарантирано секогаш ќе имате најдобар пријател и тоа не можете да го споредите со ништо друго", рече таа.

Фото: Profimedia

Да потсетиме, близначките имаат и постара сестра Кити Спенсер (33), која минатата година се омажи за 32-годишниот мултимилионер Мајкл Луис, како и помлад брат - Виконт Луис Спенсер.

Извор: zena.blic.rs