Зад најголемиот хит на Масимо се крие неверојатна приказна: Познатата песна не е напишана за него, а прогласена е за најдобра

Добивај вести на Viber

Фото: В. Тануровски 

Минатата недела регионот беше шокиран од веста за смртта на Масимо Савиќ. Обожаваниот музичар не напушти на 23-ти декември по кратка битка со тешката болест. Со својата емотивна интерпретација стекна армија обожаватели ширум поранешна Југославија, а зад себе ги остави сопругата Ани и ќерката Мирна.

Исто така, зад себе остави некои од најубавите песни од овие простори, а меѓу нив е и еден од неговите најголеми хитови - „Из једног погледа“ од Предраг Мартињак, долгогодишниот пријател и соработник на Масимо.

Изгледа дека судбината сакала Масимо да ја отпее оваа песна, која всушност воопшто не е напишана за него.

- Песната беше наменета за една наша еминентна пејачка. Сепак, не ѝ се допадна, можеби на крајот и за среќа, бидејќи кој знае каква ќе беше судбината на песната. После тоа размислував неколку дена и потоа стапивме во контакт со Масимо.Тоа е наша прва соработка, затоа песната ми е уште попосебна, изјави тогаш Предраг за хрватските медиуми.

Му прати мејл на Масимо, а тој му се јавил за половина час, рекол дека ќе ја сними песната, а другото е историја.

- Тоа е едноставно одлична песна. Веднаш разбрав дека се работи за извонредна композиција. Можеби треба да молчиме наместо да зборуваме за неа бидејќи тоа се филигрански траги на вистинските мајстори, кажа своевремено Масимо.


Во 2012-та година песната беше номинирана во категориите песна на годината и хит на годината, а на Масимо му ја обезбеди наградата за најдобра машка вокална интерпретација. Албумот „Додирни ме случајно“ на кој е застапена е награден за најдобар поп албум на годината, а ја доби и наградата за најдобра продукција.

Извор: stil.kurir.rs