Загрозена им е сигурноста, Меган и Хари почнаа истрага

Приватни фотографии од принцот Хари и од Меган Маркл се појавија на Интернет откако е хакиран компјутерот на Алекс Лубомирски, фотографот кој соработува со нив.

Фотографиите се појавија на Твитер и на Инстаграм, а станува збор за оние во црно-бела верзија, снимени на денот на венчавката на кралската двојка лани во мај. Инцидентот со сликите предизвика вистински проблем во Кесингтонската палата, а кралското семејство веднаш започна со истрага за да се спречи понатамошно ширење на фотографии. 

„Тие сметаат дека со ова е загрозена нивната сигурност“, изјавил извор близок до Хари и до Меган за „Сан“. Фотографот инаку соработува и со други познати личности како Натали Портман, Џенифер Лопез и Скарлет Јохансон.