Зајдисонце и поглед на море, Марија Шерифовиќ повторно замина на летување со синот: Го фотографираше малиот Марио и покажа како го поминуваат времето

Добивај вести на Viber

Пејачката Марија Шерифовиќ отпатува од Србија со синот Марио.

Марија Шерифовиќ ужива на море со синот. Пејачката сподели фотографиии на својот Инстаграм  и покажа како изгледа времето кое го поминуваат заедно. Бидејќи Марио е многу активно бебе, се качило на столот и масата, поради што Марија морала да внимава да не се повреди.

„Толку од тишина и мир“, напиша Марија.

Да потсетиме, Марија го доби синот со помош на сурогат мајка, а бидејќи тоа во Србија не е дозволено, а јавноста не знае точно како функционира сурогат мајчинството, пејачката неодамна отворено проговори на оваа тема додека гостуваше на емисија „Амиџи шоу“.

- Во Америка сум од 2014 година, тоа тогаш не беше актуелно. Немаме доволно време да разговараме за ова детално, дозволете ми да ви кажам сè, можеби некому ќе му помогне, многу веројатно ќе му помогне. Сè што правев, го правев по совет на најдобрите доктори во САД во тоа време. Во моето единствено интервју реков, по некои неуспешни обиди, единственото решение беше ова - рече Марија, а потоа објасни:

- Страшно ми пречи што на Балканот, со должна почит кон сите нормални и цивилизирани луѓе, кога читам како луѓето  кажуваат дека сурогат мајките се малтретирани, а не знаат колку документи треба да се потпишат и услови да се обезбедат. Мојата сурогат мајка секојдневно правеше масажи, имаше чистачка во куќата... Таму не се работи за ропство - рекла Марија.

Фото:Инстаграм