ЖАКЛИНА: Значење на името и какви се оние кои го носат

Жаклина е женско име со француско потекло. Француското име Jacqueline е женска форма на француската варијанта на библиското име Jacob (во нашата варијанта Јаков). Потекло води од античкиот хебрејски збор „ya aqob“ што значи придружник.

Нумеролошката вредност за името е 2. Личностите кои го носат името Жаклина имаат блага, нежна и мирна природа. Тие имаат смирувачки ефект врз околината и секогаш се полни со зборови на утеха за другите. Оваа бројка најмногу носи успех во приватниот живот.