Заљуби се во некој кој ќе ти биде најдобар пријател и љубовник во исто време

Добивај вести на Viber

Заљуби се во некого кој ќе те сака безусловно. Кој ќе ги прифати твоите недостатоци и несовршености и кој во себе ќе создаде чувство дека си вредна да те има.

Заљуби се на оној кој ќе се бори за тебе, и покрај тешкотиите и страдањата што ќе дојдат во живот. Оној кој ќе ги разбере твоите лудости и понекогаш твојата, можеби и непромислена постапка. Оној кој ќе се смири кога ќе се чувствуваш вознемирена. Оној кој ќе разговара со љубов по долга расправија.

Заљуби се во некој кој ќе го цени твојот труд, кој ќе те води и ќе ти даде поддршка во остварувањето на вашите цели. Кој ќе биде на крајот од денот тука само за да биде покрај тебе. Кој ќе вози со часови само за да ја види твојата насмевка. Заљуби се во оној кој секогаш ќе биде со тебе, што и да се случи.

Заљуби се во некој кој со бакнеж ќе направи да се чувствуваш како најпосебната жена во светот. Кој ќе направи да чувствуваш ерупиција од сензуалност. Кој ќе ти пее пријатна песна за полесно да заспиеш и наутро кога ќе отвориш очи, ќе ја видиш неговата прекрасна порака за убав ден.

Заљуби се во некој кој ќе ти биде најдобар пријател и љубовник во исто време. Кој ќе јаде чоколада со тебе до доцна во ноќта за да ти биде подобро. Кој ќе разговара со тебе за се.

Заљуби се на оној кој ќе те насмевнува, со кого можеш да се забавуваш како дете. Кој гордо и внимателно ќе те држи за рака, покажувајќи им на сите дека е вистински среќен што го има.

Заљуби се во некој кој ќе ти прости. На кому ќе му бидеш пред сите негови хоби, дела, сè. Кој ќе го направи секој момент за паметење. Кој ќе ги одржи своите ветувања. Заљуби се на оној кој ќе те почитува тебе и твоите животни одлуки.

Заљуби се во некој кој ќе ја сака твојата душа повеќе од твоето тело. Кој ќе ги оддалечи сите твои грижи, солзи и сомнежи. Оној кој секогаш ќе ги разбира и сите твои промени. Заљуби се во некој кој ќе те усреќи, кој ќе те задоволи и оној кој секогаш ќе ти даде позитивно изненадување.