Замина и со себе однесе дел од малечката Опи: Почина таткото на Калиопи

Поп дивата Калиопи на социјалните мрежи сподели тажна вест. Починал нејзиниот татко.

„Тато мој… Моја сила, светлост, сјај…

Замина и со себе однесе дел од малечката Опи… Патувај кон светлината и биди сигурен дека во моето име врежано е и твоето, засекогаш…., напиша Калиопи на Фејсбук, споделувајќи фотографија.

Калиопи знае често на социјалните мрежи да сподели моменти со нејзиниот татко.

Така во една прилика објави едно емотивно видео како го бричи.