(ФОТО) Запеа тажна песна и ја посвети на татко ѝ: Прв настап на ќерката на Шаулиќ по неговата смрт

Пејачката Илда Шаулиќ, ќерката на починатиот пејач Шабан Шаулиќ за прв пат настапи по смртта на својот татко. Српскиот портал „Курир“ пишува дека Илда сношти настапила во еден белградски клуб со најтажната песна која му ја посветила на својот татко.

Покрај своите песни, ја запеа и песната од нејзината колешка Драгана Мирковиќ „Jeleni košute ljube". 

„Тажни се зелените полиња, тажни се изворите, елените срните ги љубат, а каде си сега ти“, вели рефренот на песната.

Илда на настапот дошла со својот сопруг Бојан во тиркизен фустан, и ја оставила публиката во клубот без здив.  Шабан Шаулиќ трагично го загуби животот во февруари годинава, во собраќајна несреќа во Германија.