Запловете во неограничените можности на услугата Smartsend: Префлајте средства на лица од телефонскиот именик со неколку клика

Добивај вести на Viber

Во денешниот свет во кој преовладува брзото и динамично темпо на живот, носењето готовина и потпирањето исклучиво на традиционалните банкарски методи, станува минато. Живееме во ера на удобни и безбедни трансакции што ни овозможуваат лесно да управуваме со нашите финансии. Најновите достигнувања во мобилната технологија обезбедуваат беспрекорна и безбедна платформа за брз и едноставен трансфер на парични средства.

Префрлањето средства од една на друга трансакциска сметка асоцира на здодевно пополнување уплатница која се поднесува или во некоја филијала или по пат на електронско или мобилно банкарство.  Токму затоа Халкбанк АД Скопје, како лидер во воведување нови технологии и како банка која што постојано се грижи за потребите на своите клиенти има креирано иновативна услуга нареченаSmartSend (Ѕвони ми на сметка). Оваа услуга овозможува брзо, едноставно и лесно префрлање пари на кој било контакт од вашиот телефонски именик, доколку истиот има активна платежна сметка во Халкбанк и активиранa услугата SmartSend.Со ова иновативно решение за дигитално плаќање користејќи го само вашиот паметен телефон, за само неколку минути можете да го завршите преносот на финансии, со што заштедувате драгоцено време.

Во екот на летните периоди, кога честопати излегуваме, се шетаме, посетуваме ресторан или кафуле заедно со нашите пријатели и роднини, оваа услуга ни овозможува да префрлиме средства кон оној кој ќе ја плати сметката доколку не практикуваме да носиме готовина со нас. Или, пак, доколку вашиот партнер или член на семејството видел нешто што сака да го купи, но во моментот му недостасуваат доволно средства, може лесно да му помогнете да го реализира купувањето. 

SmartSend услугата e наменета за физички лица со активна платежна сметка во Халкбанк кои се корисници на електронско и мобилно банкарство.Користењето на оваа иновативна услуга е сосема едноставно и може да се користи преку мобилната апликација на Халкбанк АД Скопје и преку веб верзијата за електронско банкарствo.

1.Со избирање на полето SmartSend преку електронското банкарство или мобилната апликација ја активирате услугата со потврда на вашата платежна сметка и мобилен број.

2.За да извршите трансакција преку услугата SmartSend потребно е да ја внесете сумата што сакате да ја префрлите, да изберете контакт од телефонскиот именик и да ја потврдите трансакцијата.

Халкбанк АД Скопје како банка чии што слоган е „Важни се луѓето“ интензивно работи на задоволување на потребите на своите клиенти и се стреми кон дизајнирање услуги кои штедат време и се лесни за користење. Токму таква е и услугата SmartSend.

ПР објава