ЗАПОЧНА GARAGE SALE
Од денес па се до 28 Август заборавете на се друго и насочете се на шопинг во Рамстор Мол! Настанот кој со нетрпение го очекувавте ќе Ви донесе одлична можност да купувате на огромни попусти до 70% бидејќи ПРАВИМЕ ЧИСТКА - ВАДИМЕ СЕ НАДВОР!
Рамстор Мол и оваа година по 18ти пат, широко ги отвора вратите за сите посетители и подготвува неверојатна понуда на облека, накит, обувки, спортска опрема, аксесоари, книги, играчки, предмети за домаќинство и други производи намалени дури до 70%.
Kaко и секогаш, на Garage Sale се придружуваат сите Рамстор маркети , кои исто така за своите потрошувачи подготвија бројни aкции и намалувања.
Покрај големите попусти, посетителите на Рамсторе Мол ќе може да уживаат во богатата програма специјално организирана за овој настан која содржи многу музика во придружба на добро познатите DJ FOODIMAN & SAX кои свечено ќе го одбележат стартот на најголемата распродажба во градот Garage Sale.
Исто така, во вечерните часови бидете дел од уникатната изведба со огнени ефекти пропратена со DJ, музика, забава,освежителни пијалоци и коктели, бројни акции и изненадувања од продажните објекти во Рамстор Мол.
Не ја пропуштајте и Вие можноста да ја искористите неверојатната распродажба во Рамстор Мол која трае до 28ти Август!
Погледнете ја забавната програма која ја подготвивме за Вас:
ПР објава