Запомнете ги овие зборови: Убедливо најдобрата и најкратката лекција за стрес
Еден психолог, на своите студенти им го одржал следново предавање:
“Секој ден се соочуваме со предизвици и препреки, кои ни помагаат да растеме и кои не дефинираат како личност. Но, кога стресот ќе се вовлече, тоа може да направи работите да станат потполно невозможни.
Потоа тој ставил вода од бокал во чаша, и ги прашал своите студенти: “Колку е тешка оваа чаша вода”?
Студентите давале различни одговори:
“Два децилитри”, рекол еден студент, а потоа се нижеле и други одговори “Три децилитри па пет децилитри.”
Професорот на тоа им одговорил:
“Апсолутната тежина на оваа чаша воопшто не е важна. Таа зависи од тоа колку долго ја држам. Ако ја држам еден час, ќе почне да ме боли раката. Ако јас држам цел ден, мојата рака ќе почне да трне и ќе биде парализирана. Иако тежината на чашата не е сменета, што подолго ја држам, таа ќе станува се потешка. Стресовите и грижите во животот се како оваа чаша вода. Ако мислите на нив некое време, тогаш не е проблем. Ако мислите на нив подолго време, тогаш почнуваат да болат. Ако мислите на нив цел ден, ќе бидете парализирани и неспособни да направите било што друго.
Запомнете: Спуштете ја чашата!