Запознајте ги браќата на Јелена Јанковиќ: Поранешната тенисерка ретко позира со семејството
Браќата на Јелена Јанковиќ се непознати за јавноста
Тенисерката Јелена Јанковиќ, која важи за многу семејна личност, пораснала со нејзината мајка Снежана, таткото Веселин и двајцата браќа Марко и Стефан, кои до сега не се појавувале во јавноста.
Браќата на Јелена Јанковиќ доста личат на тенисерката, а по изглед сите наликуваат еден на друг.
Исто така, сите имаат многу блиски семејни односи, па тенисерката секогаш кога има прилика поминува време со своите браќа.
- Го почитувам секој избор на моите браќа, особено нивните најважни животни одлуки - изјави еднаш Јелена за своите браќа.
Познатата тенисерка не се појавува во медиумите откако стана мајка во април 2021-ва година. Нејзината ќерка Уна целосно ѝ го промени животот, а сопруг на Јелена е Бранко Бараќ, почитуван лекар. Избраникот на Јелена, Бранко Бараќ, не сака да открива премногу за себе.
Веројатно најтешко му беше на почетокот на врската со Јелена, кога интересот на јавноста беше истовремено и најголем, па на големо се пишуваше за тоа како се запознале.
Имено, сопругот на Јелена Јанковиќ работел токму на местото каде што поранешната тенисерка побарала лекарска помош откако било констатирано дека е позитивна на коронавирусот од 2020-та година.