ЕПП // ЕПП
ЗАПОЗНАЈТЕ ГО ЧОВЕЧКОТО ТЕЛО со АНАТОМСКИОТ АТЛАС во издание на Просветно дело
Анатомскиот атлас е во координација со учебникот Анатомија и физиологија за медицинско училиште. Но, секако можат да го користат сите што сакаат да ги прошируваат своите знаења од областа на медицината.
Атласот ги опфаќа речиси сите позначајни морфолошки особености на органите и составните делови на човечкото тело, како и нивните топографски соодноси.
Цртежите во атласот се групирани во 10 поглавја согласно градивото во учебникот. За означување на органите и составните делови на човечкото тело користени се македонски називи и латински термини прифатени од најновата париска номенклатура.
Се надеваме дека анатомскиот атлас ќе одговори на својата намена, зашто визуелната перцепција игра најзначајна улога во процесот на учење.