„Засади дрво, засади здравје“- Diners Club со кампања за зачувување на животната средина

Добивај вести на Viber

Diners Club како општествено одговорна компанија, по повод 25-от роденден на Тинекс спроведува кампања „Засади дрво, засади здравје “, со која повикува сите заедно да дадеме придонес во зачувување и унапредување на животната средина. 

Со секоја направена трансакција со Diners Club картичка во Тинекс маркетите во следните 4 викенди, се добива можност да се купи еко торба за само 10 денари, а собраните средства ќе бидат наменети за засадување на нови дрва. Дополнително, во истиот период членовите на Diners Club ќе можат да пазаруваат во Тинекс маркетите на 6 рати без камата.

Со оваа акција, Diners Club заедно со своите членови ќе придонесе за подигнување на еколошката свест и подобро утре за сите нас.