„Засекогаш да останеш палава, искрена, безгрижна и насмеана“: Гаиа, внуката на Дац денес полни 1 година
Минатата година, на овој ден, светлината на денот ја виде малата Гаиа.
Се роди ќерката на Софија и Јаков Спасови, или внуката на познатиот актер Драган Спасов Дац.
По тој повод , мајката на слатката Гаиа, објави пост на социјалните мрежи.
„Цел месец се обидувам да издвојам слики и видеа за денов за да ја доловам магијата на твоето постоење и што сѐ направи да ни станат животите милион пати поубави. Една и единствена се одвојува од сите и е себично моја - 02.03.2023, 11:54 - времето застана - фрлена од некое убаво место директно кај мене на гради - ТИ - моето дете од киндер-јајце клетка, мојот остварен сон. Моето бело палаво дете со очи џамлии кои ми се чини ги чуваат сите тајни на Универзумот. Мојата умница со силен темперамент и големо срце која секој ден во оваа година ме потсетуваше дека сме се знаеле и сме се сакале во сите претходни животи. МОЈАТА ГАИА “.
Времето застана, а во исто време и пребрзо пројде.
Среќен роденден мамина легендо. Засекогаш да останеш палава, искрена, безгрижна и насмеана .
Фала ти што нѐ избра нас да ти бидеме родители - напиша Софија на Инстаграм објавувајќи и две фотографии од породувањето .
Среќен роденден Гаиа.
FOTO: Instagram