Заштитете го вашиот дом, обезбедете добросостојба за цело семејство

Добивај вести на Viber

Домот е нашето безбедно место што ни ја пружа најголемата заштита и сигурност во животот и јасно е дека сигурноста на куќата или станот претставува еден од врвните приоритети на секое семејство. Меѓутоа, непредвидливите ситуации и незгоди не се реткост и се случуваат многу почесто отколку што можеме да замислиме. Разните несреќи можат да го оштетат па дури и уништат домот и предметите во него. Најчестите опасности се пожар, удар од гром, кражба и провала, бура и силни ветрови, но и излевање на вода од водоводни и канализациони инсталации или пожар во соседните станови може да предизвика голема штета во вашиот дом и на тој начин никогаш не може да бидете доволно заштитени од надворешни фактори.

Ништо не може да се предвиди, единствено што може е целосно да се испланира и спроведе заштита на домот и имотот со осигурување. Санирањето на последиците од ваквите непредвидливи настани и обновата чини многу и трае долго, но само доколку домот и предметите во него не се осигурени.Токму поради тоа, осигурителната заштита на домаќинството претставува една од најмудрите и најважни животни инвестиции во поглед на заштитата и сигурноста на домот. Душевниот мир што доаѓа со помислата дека сте заштитени во случај на неочекуван настан е бесценет, а осигурувањето на семејната куќа или станот ги покрива ризиците кои што можат да го уништат сето она што вредно сте го создавале со години.

Кроација осигурување нуди различни пакети за домаќинско осигурување, согласно расположливиот буџет и потребите. Во основниот пакет е опфатен широк опсег на ризици и тоа од пожар, удар од гром, експлозија, луња, град, паѓање на воздушни летала, манифестација и демонстрација, излевање на вода од водоводни и канализациски инсталации и од уреди и цевки од топловодни инсталации, удар на сопствено моторно возило во осигурени предмети, провална кражба и разбојништво, трошоци за нужно сместување.

Стандардниот пакет, покрај ризиците од основниот пакет дополнително ги содржи и следните осигурени ризици: излевање на вода од водоводни цевки и канализациони инсталации, поплава, порој и високи води, снежна лавина, лизгање и одронување на земјата, кршење на стакло на прозорците и вратите на станбениот објект.

Третиот пакет на домаќинско осигурување е премиум пакетот, кој покрај ризиците од стандардниот пакет, дополнително опфаќа и излевање на вода од аквариум, тежина на снег, атмосферски води, удар на непознато возило, удар од паѓање на дрво, вандализам, кршење на стакла за застаклени балкони, кршење на санитарии, трошоци за принудна селидба, трошоци за изработка на уништени документи, промена на брава и изработка на нови клучеви во случај на изгубени или заклучени клучеви. Овој пакет на осигурување содржи и ситни поправки во домот максимум два пати за времетраење на полисата и во максимален износ од 6000 денари.

Домаќинското осигурување на Кроација е вклучено и во сите CRO пакети со кои се обезбедува дополнителен попуст на годишната премија. Поволноста кај CRO START, CRO SMART и CRO SUPERIOR пакетите е што претставуваат комбинација од различни видови осигурувања, па секој може да најде најповолен пакет за сопствените потреби. Со нив е опфатено домаќинското осигурување, осигурување на патнички возила, осигурување од незгода, како и  здравствено осигурување.


*ПР објава