Завидна колекција на крокс папучи: Аделина Тахири ги има во сите бои (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Дека секогаш носи внимателно избрани модни дизајнерски парчиња знаеме сите, а така е и овој пат

Имено албанската пејачка Аделина Тахири Марков , која ѝ е позната и на македонската јавност како дама со софистициран стил се пофали со завидната колекција на познатите „Крокс“ папучи. Нив во светот ги носат најголемите и најпознатите ѕвезди, и тоа и во спортски, но и во свечени комбинации.

Така Аделина покажа дека ги има во црна, бела, сива, сина, тегет боја, како и дека на нив имаат најразлични беџови, кои на официјалнит сајт се движат од 5 долари нагоре.

Додека пак еден пар папучи чини околу 80 американски долари.