,

ЗАВРШИ ПРОЕКТОТ „ПАТОТ ДО МНОГУ ПЕТКИ

Добивај вести на Viber

Пред неколку децении речиси и да не се зборувало за здравата храна и за витаминските додатоци. Зголемувањето на бројот на жители и забрзаниот технолошки развој во светот придонесе за масовна употреба на вештачкото ѓубривои пестицидите а денес веќе секојдневно на нашата трпеза се наоѓа и генетски модифицира храна. Затоа, вообичаената исхрана, особено кај дечињата во развој, која треба да овозможи внес на неопходните витамини, со сигурност не може да се нарече здрава храна ниту да се тврди дека е доволна во однос на снабдувањето на детскиот организам со потребните хранливи материи.

Поттикнати од изменетите животни околности и услови во кои растат децата, намалената природна отпорност на нивниот организам, зголемениот број алергиски реакции, како и проблемите со вниманието и концентрацијата од рана возраст, хрватската фармацевтската компанија PharmaS спроведе кампања за адекватна поддршка на раниот развој на секое дете, едукација за начините на подобрување и јакнење на имунитетот, како и подготовка за процесот на учење кај предшколските дечиња кои ги очекуваат училишните предизвици.


Кампањата "Патот до многу петки" беше спроведена од октомври лани до март годинава и се одвиваше во повеќе фази, кои вклучија: едукативни текстови во електронски и пишани медиуми, отворени настани за едукација на заинтересираните граѓани, Тв кампања и гостувања во здравствени и детски емисии, директна едукација на децата од големите групи во градинките преку играта меморија и учество на фестивалот Поточиња.

Во рамки на кампањата, преку едукативни и забавни содржини на децата и нивните родители, им беше укажано за значењето на правилната исхрана и што сé треба да содржат нивните оброци за да ги задоволат секојдневните потреби за правилен раст и развој. Стекнувањето здрави навики уште во раниот животен период е најдобра превенција против болестите и е од големо значење за формирање здрав организам. Во кампањата беа вклучени стручни лица, фармацевти и лекари кои ги информираа родителите и децата за клучните витамини за добро здравје и одржување силен имунитет. Покрај тоа, фокусот беше и на објаснување на улогата на Омега-3 масните киселини кои помагаат за подобра, меморија, концентрација и учење.

Сето ова беше изведено на забавен начин преку играта меморија и маскотата Вито со цел да дадеме практичен пример за примена на вештините помнење, внимание и концентрација и нивното значење во нашите секојдневни активности. Фокусот на проектот беше да се создаде навика за редовен, секојдневен внес на витаминот Д, бидејќи често се заборава дека овој витамин има најширока палета на делување во организмот, а малку е познато дека голем број на болести настануваат токму поради неговиот дефицит во организмот. Комбинацијата на витамин Д3 и Омега-3 (рибино масло) е единствена и особено ефективна формула  за подобрување на општата благостојба кај децата над три годишна возраст. Рибиното масло, како оддамна позната храна за мозокот, е потребно за сите луѓе воопшто заради своите бројни функции кои го помагаат целиот организам: имаат поволно влијание врз здравото функционирање на кардиоваскуларниот систем, даваат поддршка на имуниот систем, делуваат антиоксидативно, го поттикнуваат метаболизмот на кожата и помагаат уште многу функции.

„За жал не сите деца во фаза на раст и развој се исхрануваат разновидно. Од тука и потребата за одредени додатоци во исхраната кои се од големо значење за општото здравје на детето. Интересот кој го разбудивме кај родителите, дечињата, стручниот кадар на градинките, но и кај медиумите, за потребата од соодветен внес на Витамин Д и Омега-3 масни киселини, за нас е еден од показателите за успешност на кампањата. Во иднина, како следна фаза планираме проширување на проектот на ниво на основните училишта и можеби, соработка со релевантни институции со која ќе го подигнеме ефектот од кампањата“,истакна Филип Ачкоски, директор на ФармаС.