ЗАВРШУВА ПРВАТА МУЗЕЈСКА ПОСТАВКА ВОН МУЗЕЈ - ЖЕНАТА ВО МАКЕДОНИЈА НИЗ ВРЕМЕТО

Добивај вести на Viber

На 14. март завршува првата музејска поставка вон музеј – “Жената во Македонија низ времето”. Оваа поставка претставуваше времеплов на жената во Македонија искажана преку артефакти, инфо табли и уникатен музички перформанс. Поставката ја видоа над 100.000 посетители на Сити Мол и истата побуди интерес и љубопитност кај пошироката јавност преку социјалните медиуми.


Оваа поставка ја организираше Скопје Сити Мол, во соработка со Археолошкиот Музеј, Музеј на македонската борба и Ансамбл Македонија.