Збогум на смрдливките во домот: Намирници кои треба да ги ставите на влезовите

Добивај вести на Viber

Со првите ладни денови, смрдливките се во потрага по ладни и суви места, па влегуваат во нашите домови за да се сокријат од ладното и да ја презимат зимата.

Во куќите и становите, влегуваат низ пукнатините на фасадата или во секој простор што не е добро изолиран, па прво што треба да се направи за да се спречи нивното влегување внатре, е да се поправат ваквите оштетувања.

Трикот со растворена сода бикарбона во вода, со која се прскаат растенијата може да помогне, а во народот се верува дека смрдливките бегаат од мирисот на кромид и нане, па овие намирници треба да ги ставите кај влезните врати, прозорци и други места низ кои досадните бубачки можат да влезат.

Друга, а можеби подобра варијанта е во вода да истурите неколку капки етерично масло од нане и од надворешната страна да ги испрскате прозорците, влезните и балконските врати.

Кога ќе најдете смрдливка во домот

Никако немојте да ја убиете и не се плашете, бидејќи кога се чувствуваат загрозено, смрдливките испуштаат отровен мирис. Не ја чепкајте со раце, но земете хартија или ракавици, нежно фатете ја и исфрлете ја надвор или во веце школката.