ЗБОРОВИТЕ НА СТЕВО ЖИГОН ЗА ЈЕЛЕНА ЌЕ ВЕ НАЕЖАТ: Ова треба да биде лекција за сите мажи!
Актерката Јелена Јивановиќ Жигон почина во вторникот вечерта во 85 година од животот после ненадејна и кратка болест.
Таа беше сопруга на прославениот драмски уметник Стево Жигон и мајка на актерката Ивана Жигон. Од бракот со Стево го имаше и синот Никола.
Нејзината кариера е испишана со десетина филмски , сериски и театарски наслови. Се почна во 1953 година со филмот „Општинско дете“, а публиката помеѓу останатото ја засака и во популарниот серијал „Луди години“ и „Жикина династија“, во која ја играше Јелена Тодоровиќ. Снимила повеќе од 50 играни и 15 телевизиски филмови.
Стефо Жоган одамна во едно интервју говореше за својата сопруга и нивниот брак, и покажа колку всушност и се восхитувал.
На прашањето дали ја обожавал повеќе во животот или на сцена, рекол: „Жената треба секогаш да се обожава. А потоа, целата уметност не е ништо друго од обожавање на жената. Без жената-нема глума.“
Иако имал репутација на заводник, Стево се оженил со Јелена, една од трите најбарани сестри во Белград.
„Јас се оженив во 31 та година од животот, значи кога бев созреан во се, кога знаев што сакам и што треба се да направам. Неоспорно, бракот со Јелена за мене беше голема инспирација а и добивка.
Нејзиното потекло од Катун и од Васојевска Река, со нејзината убавина, и душа и тело, тоа беше оживотворена бајка ... и јас на таа прекрасна жена, а и мајка, многу сум и благодарен. Бракот со неа беше моја најголема среќа. Не е затоа чудно што од таа среќа се родија сјајни деца, со кои имам неизмерно добар, токму идеален однос, и малку е ако кажам дека се гордеам со нив“, рекол Стево Жигон.
Foto: Kurir / Marina Lopičić