Здрава трудница, почувствувала вкочанетост и почнала да зборува англиски: Починала, па се породила додека била во кома
Британката Беки Проут се породила додека била во кома, па всушност никогаш не го слушнала првиот плач на своето бебе и не се сеќава на нејзиниот прв контакт со нејзината ќерка Маја. Имено, Беки мислела дека е сосема здрава кога наеднаш почувствувала многу чудни симптоми во 27-та недела од бременоста. Таа се вратила од одмор со сопругот Чад, одеднаш жалејќи се на вкочанетост во раката. Потоа се појавил еден многу бизарен симптом - таа почна да зборува англиски со американски акцент, иако никогаш претходно не ги ни посетила САД.
„Вечеравме во ресторан и одеднаш, кога го заврши оброкот, се претвори во Американка“, изјавил нејзиниот сопруг за британските медиуми.
Чад додаде дека набргу потоа Беки седнала на подот на паркингот надвор од ресторанот и почнала да коментира колку се убави карпите. Веднаш ја однел Беки во болница, а лекарите му препорачале таа да биде хоспитализирана. Меѓутоа, оваа млада жена, која се уште се однесувала чудно, одбила да остане во болница и се вратила дома.
На крајот, нејзиниот сопруг ја убедил да се врати во болница откако доживеала „голем напад“ надвор од собата за итни случаи. Три дена подоцна имала уште еден напад.
„Таа всушност умре на некое време. Мораа да направат CPR за да ја вратат во живот“, рече Чад.
Беки била ставена во кома поради своја безбедност, пишува „Mirror“, и на крајот и била дијагностицирана невролошката болест анти-NMDAR енцефалитис, состојба позната и како „пожар во мозокот“. Оваа состојба влијае на нормалното функционирање на мозокот, што може да доведе до промена на менталниот статус, промени во однесувањето, агитација, халуцинации, нарушувања на спиењето, напади, промени во говорот и абнормални движења. Оваа болест е релативно честа, според Американската академија за неврологија, но се јавува исклучително ретко кај бремени жени.
Неколку недели подоцна, на 18 август годинава, лекарите решиле да направат царски рез бидејќи имало компликации со бебето во стомакот на Беки.
„Таа сè уште беше во кома во тоа време, што е навистина тажно“, истакнува Чад.
Бебето Маја е родено со само 2 килограми и 100 грама, но сега добро напредува и е здрава.
Магнетната резонанца подоцна открила дека Беки имала циста на еден од јајниците, а лекарите веруваат дека цистата можеби го активирала нејзиниот имунолошки систем, предизвикувајќи го да го нападне нејзиниот мозок. Лекарите ја отстраниле цистата, а состојбата на Беки полека се подобрувала, иако била на апарати за одржување.
Таа се разбудила од кома само еден месец по породувањето, но за жал закрепнувањето на Беки е многу бавно и може да потрае и до пет години.
„Малку е подобро, но не ни приближно колку што би сакале лекарите. Мислам дека 3-ти ноември беше првиот ден по долго, долго време кога можев да разговарам со неа. Таа е многу збунета. Една минута се гушкаше со Маја нашата ќерка и после три минути вели дека не е нејзиното бебе. Несватливо е како во еден момент се е добро, а во следниот се превртува наопаку. И мене ме загрижува која ќе биде Беки кога ќе биде подобра “, вели нејзиниот несреќен сопруг.
Фото: ФејсбукИзвор: www.espreso.co.rs