Здравјето на Бора Чорба е влошено: Откажани се сите настапи, лекарите ригорозни – забрането му е да патува и пее
Здравствената состојба на познатиот музичар Бора Ѓорѓевиќ е влошена, а сите негови настапи се откажани до понатамошно известување.
Имено, на официјалната Фејсбук страница на групата „Рибља чорба“ објавено е соопштение за неговата здравствена состојба.
-Драги пријатели, поради нарушено здравје, лекарите му забранија на Бора Ѓорѓевиќ да патува и да се напрега поради тешка пневмонија како и влошување на состојбата со хронична опструктивна болест на белите дробови. Секако, како и секогаш, ќе ги победиме болестите и штом Бора се опорави ќе се видиме на нови собири! – стои на официјалната Фејсбук страница на групата.
Неговата сопруга е најголем поддржувач во тешките периоди
-Веројатно ќе умрев некаде на патот да не дојдев во Словенија бидејќи премногу дивеев. И тоа има свои добри страни, но малку претерав. Сега знам до кого сум и кој ме сака и дека има смисла да се трудам да трае што подолго, за да трае и таа љубов – објасни неодамна Бора.