ЗДРАВО Е: Секој ден појадувајте по две јајца

Добивај вести на Viber

Јајцата се извор на протеини и содржат витамини А, D и Е, В12, рибофлавин, како и железо, калциум, цинк и селен.

Витаминот B во јајцата го подобрува квалитетот на кожата, косата и црниот дроб

Јајцата се богат извор на витамин В кој помага во создавањето на амино киселини што се неопходни за делба на клетките и создавање нови црвени крвни зрнца.

Лутеинот во јајцата го подобрува видот

Истражувањата покажале дека јајцата се богати со лутеин, витамин што го одржува бистар видот. Лутеинот ја штити мрежата на окото од влијанието на сонцето и го намалува ризикот од појава на катаракта.

Витаминот D во јајцата помага во апсорпцијата на калиум

Јајцата се богати со витамин D што го регулира нивото на калциум и фосфор во крвта, што спречува појава на остеопороза.

Холинот во јајцата го подобрува помнењето

Жолчката има холин, клучна амино киселина за пренос на малите нервни импулси што ни помагаат подолго да памтиме. Истражувањата покажале дека со доволно внесување холин во исхраната се подобрува помнењето и способноста брзо да одговараме.

Помагаат при слабеење

Американски истражувачи открија дека јадењето јајца за појадок во комбинација со полесна храна го забрзува губењето вишок килограми, Јајцата исто така даваат подолго чувство на ситост.