ЗЕМАМ ПЛАТА ИЛЈАДА ЕВРА, РАБОТАМ ОСУМ ЧАСА, ИМАМ ТРИ БЕСПЛАТНИ ОБРОЦИ И БЕСПЛАТНО СМЕСТУВАЊЕ, раскажа Македонка која работи во Хрватска

Хрватска е доста атрактивна за младите лица од земјава, за сезонска работа. За претстојната сезона, голем број млади лица заминаа токму во оваа земја, за да заработат некој денар.

Фактор разговараше со триесет годишната Б.Б., која втор месец веќе е на работа во Хрватска, на островот Крк.

- Лично сум презадоволна од условите но и од односот на работодавците. Работам во пекара и ова е втора година како доаѓам да работам кај овие луѓе. Имаат фамилијарен бизнис, сите работат во пекарата и имаат неколку студија за изнајмување. Јас работам во пекарата како продавачка - вели таа.

На прашањето зошто се одлучила повторно да замине во Хрватска, вели дека зема 60.000 денари плата, има здравствено осигурување, пријавена сум, имам бесплатни три оброци и бесплатно сместување.


Деталите читајте ги на Фактор тука.