Жена заработува пари на трачеви, од „бизнисот“ изградила две куќи: Има тарифи за обични и „сочни“

Добивај вести на Viber

Во видеото кое стана вирално, таа објаснува дека има посебни тарифи за озборувања. За обични озборувања наплаќа 5.000, а за „посочните“ 10.000 долари.

На прв поглед се чини дека Миријам (67) води затскриен живот, но вистината е поинаква.

Жителка на градот Ерменија во централна Колумбија тврди дека „озборувањата и трачарењата ги претворила во бизнис“, од каде изградила две куќи.

Според неа, таа собира информации за соседството не само од љубопитност, туку озборувањето е нејзиниот „главен извор на приход“, пренесува CdM.

Во видеото кое стана вирално, таа објаснува дека има посебни тарифи за озборувања. За обични озборувања наплаќа 5.000 долари, а за „посочните“ 10.000 долари.

Секој ден седи пред куќата, набљудува што се случува и сè запишува во тетратка.

@ladydaniellag Se hizo rica vendiendo chismes #ladydaniellag #zafirustudios sonido original - lady daniella g


Таа нагласува дека не пропушта никаков детаљ, како вистински детектив, додека во куќата има „фотографии од соседи“ кои се вмешани во случаи на неверство, пренесува Lakalle Blue Radio.

Собраните „информации“ ги продава на оној што ќе понуди најмногу пари. Таа е многу барана, тврди самата, а луѓето често и плаќаат да не ги открива нивните тајни.

Оваа приказна предизвика жестока дискусија на интернет. Некои ја доживуваат како комична, додека други истакнуваат дека ваквото однесување може да предизвика сериозни последици.

Треба да се напомене дека тврдењата на Миријам не се потврдени или поткрепени, но најверојатно таа оставила трага во нејзината заедница.