Жената која не дозволи љубовницата на сопругот да гради среќа врз нејзината несреќа: Еве како успеала да го спаси својот брак

Добивај вести на Viber

Љубовната приказна на Бијонсе и Џеј Зи е многу возбудлива и пример за трајна љубов

Познатата пејачка Бијонсе ја заврши својата последна од трите турнеи во Лос Анџелес, а по тој повод го прослави и својот 42 роденден. На концертот имаше над 70.000 луѓе кои го прославија роденденот на пејачката и ѝ дадоа неверојатна поддршка.

И покрај фактот дека веќе навлегува во својата 5-та деценија, Бијосне никогаш не изгледала подобро, а на нејзината енергија би ѝ позавиделе многу помлади жени. Можела да го избере мажот со кој ќе биде, а тоа го правела додека била неискусна и млада. Таа го избра познатиот музичар Џеј Зи, кој ѝ приреди големи скандали кои секогаш успеваа да ги прикријат. 

Бијонсе и Џеј Зи првпат се запознале во 2000 година, но почнале да излегуваат дури во 2001 година. Бијонсе тогаш имала 18 години, а се пишува и дека била девица, а дотогаш никогаш немала момче. Тие двајца долго време беа во љубовна врска, а потоа во 2008 година решија да стапнат на лудиот камен. Тие се венчаа во тајност. Медиумите често пишуваа за тоа дека нивната врска е преполна со бројни измами, но парот ретко се огласуваше во медиумите за да го потврди или демантира тоа.

Бијонсе и Џеј Зи се родители на три деца, Блу Ајви родена во 2012 година и близнаците Сер и Руми родени во 2017 година.

Нивниот прв официјален состанок беше во нивниот омилен ресторан Нобу. На големо изненадување на пејачката, раперот донесе и пријател на вечерата. Иако тоа би изнервирало многу жени и би ги натерало да се повлечат, Бијосе не била вознемирена од неговите постапки. 

Двајцата имаа заедничка страст, а тоа е музиката и се чини дека тоа е нишката што ги спои од првиот момент. Двајцата ја објавија својата прва заедничка песна во 2002 година наречена „03 Bonnie and Clyde“.

Три години по венчавката Бијонсе потврди дека е бремена, а години подоцна во нејзиниот документарен филм „Life is just a dream“ од 2013 година ќе дознаеме дека тоа не ѝ била прва бременост и дека пред да го роди своето прво дете, таа имала еден спонтан абортус.


Скандалозна пресметка меѓу зетот и сваќата

По Мет Галата во 2014 година, видеото од сестрата на Бијонсе, Соланж Ноулс, како го напаѓа Џеј Зи во лифт поради гласини за изневерување стана вирално. Во видеото таа го удира Џеј Зи, додека Бијонсе стои до нив како „закопана“. По вербална и физичка пресметка излегле од лифтот како ништо да не се случило, меѓутоа снимката ја обиколи планетата, а по тој повод морале да се огласат.

- Имаше многу шпекулации за тоа што го предизвикало немилиот инцидент. Но, најважно е што нашето семејство помина преку тоа. Џеј и Соланж го преземаат својот дел од одговорноста за она што се случи. И двајцата ја признаваат својата улога во оваа приватна работа што се одигра во јавноста. И двајцата си се извинија еден на друг и продолживме понатаму како обединето семејство. Извештаите за Соланж дека таа вечер била пијана или неприродно се однесувала се едноставно лажни. На крајот на денот, семејствата имаат проблеми и ние не се разликуваме од останатите семејства. Се сакаме и пред се‘ сме семејство. Ова го оставивме зад нас и се надеваме дека и сите други ќе го сторат истото – се вели во заедничкото соопштение. 

Прељубничка афера

Тоа беа првите гласини за неверство и дека во бракот на моќната холивудска двојка не цветаат рози, а во 2016 година повторно се најдоа во центарот на вниманието, кога Бијонсе го издаде својот албум „Lemonade“. Песните „Hold up“ и „Sorry“ ги подгреаа гласините и алудираа на неверството на Џеј Зи, а цел свет се прашуваше која е мистериозната „Becky with the good hair“ од песната „Sorry“.

Тогаш во центарот на вниманието се најде пејачката Рита Ора, која објави фотографија во градник со лимони на неа, и ѓердан со буквата „Џ“ околу вратот, токму во моментот кога Бијонсе го беше издала албумот. Обожавателите биле убедени дека таа е таа со која раперот ја изневерувал сопругата, но таа остро ги отфрли сите наводи и нагласи дека се испаднало случајно. Сепак, бременоста на Бијонсе стави крај на гласините, а парот тогаш објави дека очекуваат близнаци.

- Би сакале да ја споделиме нашата љубов и среќа. Ние сме двапати благословени. Неверојатно сме благодарни што нашето семејство ќе порасне за двајца и ви благодариме за вашите добри желби - семејството Картер – напиша Бијонсе.

Руми Картер и Сер Картер се родени на 13 јуни 2017 година, а истата година Џеј Зи објави албум наречен „4:44“ кој беше полн со текстови кои навестуваат неверство. Подоцна имаше исповед, каде Џеј Зи отворено зборуваше за тоа.

Кога се осврна на терапијата и неговата емоционална благосостојба, тој коментираше:

- Мора да преживееш. Значи, вие влегувате во режим на преживување, а што се случува кога влегувате во режим на преживување? Ги исклучувате сите емоции. Така и кај жените емотивно ќе се затворите, па не можете да се поврзете.


Запрашан дали тоа значи дека не може да се поврзе со другите поради начинот на кој се чувствува за себе, тој одговори:

- Да. Во мојот случај, тоа како да е, длабоко . И тогаш од таму се случуваат сите работи: неверство... - призна Џеј Зи, додавајќи:

-Најтешко ми е да ја видам болката на нечие лице што сум ја нанел, а потоа да се справам со себе. Значи, знаете, повеќето луѓе не сакаат. Не сакате да се гледате себеси. И така си заминуваш.

И покрај се‘, двајцата успеаја да ги надминат сите несогласувања и да го спасат својот брак. Сепак, и денес злите јазици не престануваат да зборуваат за нивната врска, посочувајќи дека Бијонсе е подготвена да трпи се‘ за да опстане нејзиниот брак, а и дека е „со врзани очи“ кога е во прашање нејзиниот сопруг.


Фото: Youtube - screenhsoot/Инстаграм